Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено е предупредување за цунами

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди Филипините, соопшти ЕМСЦ.

Loading...

Беше издадено и предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил во морето југоисточно од филипинскиот остров Минданао. Земјотресот е регистриран на длабочина од 78 километри.

Луѓето на нет пишуваат дека бил многу силен земјотрес.

„Најсилниот земјотрес од декември 2019 година. Снема струја откако тресењето престана“, рече еден граѓанин на Дигос, град на 137 километри од епицентарот на ЕМСЦ.