Сијарто: Украина ќе биде уништена ако војната не заврши

Сподели со своите пријатели

Стратегијата на Европската унија и НАТО не донесе резултати во решавањето на конфликтот во Украина, а без негов крај земјата ќе биде уништена, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Loading...

– Стратегијата што ЕУ и Алијансата ја спроведуваат последните две и пол години едноставно не даде никакви резултати бидејќи ситуацијата се влошува, гледате жестоки напади. Го гледате ризикот од ескалација. Ја гледате бруталноста на бојното поле. И мислам дека ситуацијата ќе се влоши. Ако не успееме да ја запреме војната, илјадници, десетици илјади или уште стотици илјади луѓе ќе загинат, а Украина ќе биде уништена – предупреди Шијрото во интервју за Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот ирански претседател: Русија и Кина беа со нас во тешки времиња

Според него, Украина не успеала да постигне успех на бојното поле.

– Кога прашуваме колкав е конечниот број на оружје треба да биде испорачан за да се смени ситуацијата на бојното поле, никој не може да одговори – објасни тој.

Во средината на јуни, на состанокот со раководството на руското Министерство за надворешни работи, рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за колапсот на претходниот евроатлански безбедносен систем и предложи изградба на нова архитектура која „ги зема предвид сите грижи.

Путин ги претстави и условите за мировни преговори во Украина. Меѓу нив се повлекувањето на украинските вооружени сили од Донбас и Новоросија и одбивањето на Киев да влезе во НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот и рускиот министер за одбрана разговарале по телефон

Дополнително, Русија смета дека е неопходен неутралниот, неврзан, ненуклеарен статус на Украина, како и укинување на сите западни санкции.