Сијарто: Санкциите против Русија се најлошиот одговор на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Европската унија сака нови санкции само за некако да ги оправда своите погрешни одлуки кои се штетни – рече Сијарто.

Loading...

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека оставката ќе биде нормална реакција на европските лидери кои ги поддржаа санкциите против Русија, кои, како што вели, се најлошиот одговор на ЕУ на конфликтот во Украина, пренесе Спутник.

– Европската унија сака нови санкции само за некако да ги оправда своите погрешни одлуки, кои се штетни, бидејќи по најавите дека санкциите претставуваат ќорсокак, ќе треба да се именуваат одговорните – ја пренесе агенцијата МТИ изјавата на Сијарт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вонредни прекини на струја низ цела Украина

Унгарскиот министер посочи дека воведувањето санкции е најлошиот одговор на ЕУ на почетокот на конфликтот во Украина и ги повика унгарските граѓани да се изјаснат против нив за време на националните консултации.

– Унгарија купува гас од Русија, бидејќи без него физички е невозможно да се реши проблемот со снабдувањето со гас, бидејќи има таква инфраструктура во оваа област – додаде тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.