Сијарто: Ќе ги продолжиме разговорите со Москва за дополнителен гас

Сподели со своите пријатели

Унгарија ќе ги продолжи разговорите со Русија за дополнителни испораки на гас и очекува да постигне договор со Гаспром за зголемување на испораките почнувајќи од следниот месец, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Loading...

Тој се состана со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Москва минатиот месец, барајќи дополнителни 700 милиони кубни метри гас, како дополнение на постоечкиот договор на Будимпешта со Русија, објави Ројтерс.

Гаспром почна да испраќа гас во Унгарија во зголемен обем овој месец.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.