Сиднеј: Војската повикана да помогне во спроведувањето на локдаунот

Сподели со своите пријатели

Австралија распоредува стотици војници во најголемиот австралиски град Сиднеј, кои треба да помогнат во усогласувањето со строгите правила за затворање воведени поради ширењето на коронавирусот, пренесува Хина.

Loading...

Скокот на инфекцијата со коронавирус поради повеќе заразна варијанта на вирусот делта од јуни доведе до 3.000 нови случаи, а девет лица починаа.

Припадниците на австралиската војска ќе бидат на обука за време на викендот за да помогнат во придржувањето кон наметнатите ограничувања од страна на воените патроли на улиците на Сиднеј од понеделник, јави Би-Би-Си.

Меѓутоа, многумина се прашуваат дали навистина е потребна воена интервенција, оценувајќи го воениот ангажман како прекумерен.

Строгото затворање, кое важи барем до 28 август, ги спречува луѓето да ги напуштаат своите домови, освен за основните потреби, набавките, медицинската нега и слични причини.

Инфекцијата продолжува да се шири

И покрај петнеделното заклучување, инфекцијата со корона вирус во најголемиот град во Австралија продолжува да се шири, а официјалните претставници во петокот рекоа дека се пријавени 170 нови случаи на инфекција.

Војниците ќе и се придружат на полицијата во делови од градот што се сметаат за „жаришта“ на инфекцијата, за да се осигураат дека луѓето ги почитуваат правилата што вклучуваат забрана за движење повеќе од 10 километри од местото на живеење.

Loading...

Австралиската алијанса на правници го нарече најавеното распоредување на војската „загрижувачка употреба“ на војската во либералната демократија.

Други ја повикуваат владата да ги засили вакцинациите и услугите за поддршка за да им помогне на ранливите заедници.

Процентот на вакцинирани во Австралија, што е 17 проценти од возрасната популација, останува еден од најниските во земјите на ОЕЦД.

 

Leave a Reply