Си ги оштетил белите дробови пеејќи караоке – високите тонови биле кобни

Сподели со своите пријатели

Кинеските медиуми неодамна објавија за бизарниот случај на млад човек од провинцијата Хунан, кој се здобил со сериозна повреда на белите дробови додека се обидувал да достигне високи тонови пеејќи караоке.

Loading...

Ванг Џе (25) присуствувал на роденденската забава и решил на сите да им покаже како се пее, го зел микрофонот и ја пуштил „New Dranken Conjubin“, песна позната по високите тонови.

 

 

Ванг дал се од себе за да дојде до нив, но почувствува остра болка во градите поради што морал да го прекине настапот, пренесува „Одити централ“.

Тој не обрнувал премногу внимание на болката до следниот ден, кога открил дека едвај дише.

На лекарите им кажал што направил претходниот ден и дека цела вечер чувствувал болки во десното белодробно крило. Рендгенот покажал дека боледувал од пневмоторакс, состојба која може да биде опасна по живот.

Loading...

 

 

Лекарите му објасниле на Ванг дека додека пеел високи тонови употребил толку многу сила што му биле пукнати „воздушните вреќи“ во белите дробови и биле направени џебови, а неговите бели дробови биле компресирани до 15 проценти од нормалниот волумен.

Ванг Џа беше подложен на булектомија, инвазивна процедура за отстранување на акумулираниот воздух од градната празнина.

За среќа брзо се опоравил и бил пуштен од болница.