Шведски државјанин уапсен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен државјанин на Шведска вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце со возило барано од Интерпол.

Loading...

– На 31.08.2022 во 12.16 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Л.Е.М.Ј.(30) од Шведска затоа што по извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција констатирано е дека возилото „бмв х5″ со шведска национална ознака, кое го управувал, евидира како украдено во база на податоци на Интерпол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  79-годишник натепал полицаец во Куманово