Шведска: Во Малме започна судењето на еколошката активистка Грета Тунберг

Сподели со своите пријатели

На еколошката активистка Грета Тунберг денеска ѝ се суди во градот Малме на југот на Шведска бидејќи одби да ги послуша полициските наредби за време на еколошката акција во средината на јуни, кога таа и нејзините поддржувачи го блокираа градското пристаниште.

Loading...

Тунберг е обвинета за „одбивање да послуша наредба“ и затоа мора да се појави пред судот во Малме денеска во 11:30 часот по локално време, пишува париски Фигаро.

„Одлучивме да не бидеме набљудувачи и затоа физички ја затвораме инфраструктурата за фосилни горива. Ја враќаме иднината“, објави Грета Тунберг на Инстаграм, а портпаролката на еколошката организација „Барајте ја иднината“ Ирма Кјелстром потврди дека светски познатата млада активистка денеска ќе се појави на суд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Делото за кое се товари предвидува максимална казна од шест месеци затвор, но според Шарлот Отосен, обвинителка за овој случај, најмногу се изрекуваат парични казни.