Шведска: Протекување на Северен тек 2 и денес е видливо

Сподели со своите пријатели

Шведската крајбрежна стража соопшти дека „вриењето“ предизвикано од истекување на гас над оштетениот гасовод „Северен тек 1“ престана, но не и на „Северен тек 2“.

Loading...

За време на прелетот во 6 часот „најголемото протекување повеќе не беше видливо, но помалото од друга страна пак се зголеми и е во дијаметар околу 30 метри“.

На шведска страна, главното протекување е поврзано со Северен тек 1, додека помалото е поврзано со Северен тек 2.

Тоа е оној кој е активен и денес, се вели во соопштението на крајбрежната стража.

Данските власти вчера објавија дека гасот престанал да истекува од гасоводот Северен тек 1, еден ден откако властите соопштија дека гасоводот Северен тек 2 престанал да истекува гас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ги саботира гасоводите изградени од Русија, обвинение кое силно го негираа САД и нивните сојузници.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.