Шведска министерка дала оставка поради 0,2 промили алкохол во крвта

Сподели со своите пријатели

Шведската министерка Аида Хаџиалиќ поднела оставка поради восење во алкохолизирана состојба, откако ја стопирала полицијата и со анализа и биле утврдени 0,2 промили алкохол во крвта.

Јас знам дека многумина се разочарани во мене, самата сум лута на себе, а пред се многу се каам – рекла министерката на конференцијата за новинари.

Според анводите на шведските медиуми, 29годишната министерка објаснила дека испила само две чаши вино, верувајќи дека алкохолот ќе го снема од нејзиниот организам пред да седне зад воланот.

Министерката привлекла големо медиумско влијание како најмлада министерка во шведската влада кога на почетокот на октомври 2014 година дошла на таа позиција во Министерството за образование на 27 години. Нејзиниот ресор бил развој на гимназиите и унапредување на науките.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.