Шведска ќе донира артилериска муниција на Украина

Сподели со своите пријатели

Шведска ќе ѝ донира на Украина артилериска муниција вредна речиси 47 милиони евра, соопшти денеска шведската влада.

Loading...

Ова соопштение доаѓа откако украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Шведска да и обезбеди на Украина артилериски системи „Арчер“, системи за воздушна одбрана тРБС-70 и повеќе артилериски гранати, објави Гардијан.

„Најдоброто нешто што Шведска може да го направи на полето на одбраната во следните недели е да и обезбеди на Украина повеќе оружје“, рече Кулеба на заедничката прес-конференција во понеделникот со шведската премиерка Магдалена Андерсон и министерката за надворешни работи Ен Линде.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Тој додаде дека најдобриот начин да се спасат човечки животи, вклучително и животи на цивили, како и да се спасат повеќе украински села и градови од уништување, е да и се даде на Украина повеќе оружје за да може да се брани од руската армија.

Кулеба и се заблагодари на Шведска за новиот пакет помош за Украина, наменет за обнова и одбрана.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.