Шведска испраќа воена помош за Украина од 287 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Шведскиот премиер Улф Кристерсон денеска најави дека земјата ќе ѝ испрати на Украина нова воена помош во вредност од три милијарди круни (287 милиони долари), која ќе вклучува и системи за противвоздушна одбрана.

Loading...

Претходните придонеси за оружје од Шведска, кои аплицираа за влез во НАТО заедно со соседна Финска, се движеа од едноставна опрема како што се шлемови и панцир до гранати и ракетни гранати, пишува Ројтерс.

„Тоа е поголем пакет воена поддршка од сите осум претходни пакети заедно“, рече Кристерсон на прес-конференција.

Тој додава дека тоа е најголемиот пакет помош што Шведска го испратила досега.

Кристерсон, исто така, рече дека владата внимателно ги следи случувањата поврзани со експлозијата во Полска во близина на украинската граница и дека се потребни повеќе информации за да се добие појасна слика за тоа што всушност се случило.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.