Шведска и Финска нема да можат во НАТО додека не ги исполнат обврскиte

Сподели со своите пријатели

Турција нема да го поддржи приемот на Шведска и Финска во НАТО додека тие земји не ги исполнат своите обврски во однос на борбата против тероризмот, изјави турскиот министер за правда Бекир Боздак.

Loading...

„Погрешно е да се очекува позитивна одлука од Турција во однос на поддршката за членство на нордиските земји, додека тие не си го одржат зборот“, рече Боздак, пренесува Танјуг.

Според него, Анкара сѐ уште нема добиено никаков одговор од Шведска и Финска на барањето на Турција за екстрадиција на лица вклучени во терористички активности.

Турција претходно соопшти дека меморандумот што го потпиша со Шведска и Финска на маргините на самитот на НАТО во Мадрид не е конечен и дека турскиот парламент можеби нема да го ратификува нивното членство доколку Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат своите обврски во борбата против тероризмот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето