Швајцарскиот франк на највисоко ниво од 2015 година

Сподели со своите пријатели

Швајцарскиот франк оваа недела го достигна највисокото ниво од јануари 2015 година во однос на еврото.

Loading...

До четврток швајцарската централна банка беше последна во Европа која имаше негативна каматна стапка, но тоа се промени, пренесува SEEbiz.

Веќе на 16 јуни, швајцарските монетарни власти, првпат по 15 години, почнаа да ја заоструваат монетарната политика, откако основната каматна стапка беше фиксирана на минус 0,75 отсто од 2015 година.

Инфлацијата во Швајцарија не е толку висока, но со 3,5 проценти на годишно ниво и понатаму е највисока во последните 30 години.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?