Швајцарија ги заострува правилата за социјална помош за украинските бегалци

Сподели со своите пријатели

Швајцарските власти планираат да ги заострат правилата за примање социјална помош за бегалците од Украина.

Loading...

Досега бегалците од Украина во Швајцарија можеа да ги задржат своите автомобили и да ги користат, без да им биде укината или намалена социјалната помош.

Тоа сега треба да се промени, како што произлегува од најавата на Конференцијата на кантоналните директори на институциите за социјална помош (СОДК).

Правила прилагодени на другите бегалци

Бегалскиот статус за луѓето од Украина ќе биде продолжен до пролет 2024 година, но правилата за примање социјална помош ќе се прилагодат на оние на другите бегалци.

Така, во иднина при пресметувањето на социјалната помош ќе се земаат предвид средствата како накит, автомобили или недвижен имот во татковината.

Во иднина, бегалците од Украина ќе мора да го продадат својот имот или да го користат за финансирање на својот живот, пред да добијат право на социјална помош.

Возила и помош

Конкретно, тоа значи дека бегалците од Украина, кои се во Швајцарија повеќе од една година и поседуваат автомобил, мора да го продадат возилото пред да добијат право на социјална помош.

Исклучок постои само во случај бегалците од Украина да го користат возилото за својата работа.

Loading...

Освен тоа, бегалците можат, доколку не сакаат да го продадат автомобилот, а добијат државна помош, да ги предадат регистарските таблички на надлежните органи.

„Критики поради различниот третман“

СОДК заострувањето на правилата го објаснува со тоа што се почесто се критикува различниот третман на бегалците.

Потпретседателот на СОДК, Кристоф Амстад, за јавниот сервис СРФ изјави дека има многу негативни критики, особено кога бегалците од Украина пристигнуваат пред социјалните институции со скапи спортски автомобили.

Директорот на Дирекцијата за социјална помош на кантонот Берн Гундекар Гибел вели дека нема многу украински бегалци кои поседуваат возило.

– Во кантонот Берн, само неколку стотици од околу 7.000 украински бегалци имаат возила – рече тој.

Организацијата за помош на бегалците го поздрави заострувањето на правилата.

– Во согласност со еднаков третман со локалното население, тоа е разбирливо – изјавила портпаролката на таа организација, Елиан Енгелер за телевизијата СРФ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...