Швајцарците на референдум за 13-та пензија

Сподели со своите пријатели

Швајцарците во недела ќе гласаат за две иницијативи кои имаат за цел да го променат животот на пензионерите на дијаметрално спротивни начини – едната иницијатива има за цел да ги зголеми пензиите, а другата да ја зголеми старосната граница за пензионирање.

Loading...

Швајцарските синдикати изнесоа предлог за воведување дополнителен месечен социјален додаток за помош на пензионерите поради зголемените трошоци за живот во богатата алпска земја, пренесува Хина, повикувајќи се на АФП.

Иницијативата наречена „Подобар живот во пензија“ бара секоја година да се исплаќа 13-та пензија, како 13-та плата што ја добиваат многу работници во Швајцарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок

Анкетите покажуваат дека мнозинството Швајцарци го поддржуваат, иако се чини дека бројот на поддржувачи се намалува и се уште не е сигурно дека предлогот ќе помине.

Месечните социјални бенефиции во Швајцарија можат да бидат до 2.450 швајцарски франци (2.554 евра) за физички лица и 3.675 франци (3.830 евра) за брачни парови.

Тоа можеби изгледа многу, но во земја која е меѓу најскапите во светот не е така.

Киријата за типичен двособен стан во швајцарските градови е најмалку 3.000 франци (3.127 евра), а едно кафе чини повеќе од пет франци (5,21 евро).

Доколку Швајцарците ја одобрат промената, не би биле први во Европа. Сличен систем со години има и соседниот Лихтенштајн, уште една скапа земја која користи швајцарски франк.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  BBC: Иранска тинејџерка сексуално нападната и убиена од мажи кои работеле за безбедносните сили