people walking near ferries wheel

Штрајк на вработените во јавниот сектор во Белгија

Сподели со своите пријатели

Денешниот штрајк на вработените во јавниот сектор во Белгија, кои протестираат против финансиските кратења и пензиските реформи, предизвикува значителни проблеми во сообраќајот и во многу други области.

Loading...

Железничкиот сообраќај е парализиран во голем дел од земјата, а метрото и автобусите во Брисел и околу главниот град на Белгија работат со намален возен ред, пренесува АП.

Белгискиот синдикат за јавни услуги ACOD објави дека ниту еден оддел во јавниот сектор не успеал да избегне финансиски кратења, пренесува Танјуг.

„Вклучуваме аларм, бидејќи секој треба да има силен јавен сектор“, се додава во соопштението.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бура продолжува да ја пустоши Калифорнија (ВИДЕО)