Што велат фотографиите што ги објавувате на Инстаграм за вашето ментално здравје?

Сподели со своите пријатели

Фотографиите што ги објавувате на Инстаграм можат да кажат многу повеќе за вас отколку што сте јаделе или каде сте биле на зимски или летен одмор…

Loading...

Фотографиите на Инстаграм можат да покажат дали сте депресивни.

 

 

Истражувањето направено од научници од Универзитетот Харвард и Вермонт, покажува дека луѓето кои имаат историја на депресија споделуваат повеќе фотографии на Инстаграм, користат помалку филтри и објавуваат фотографии во темни или сиви бои.

Истражувачите прегледале повеќе од 43.000 фотографии на 166 корисници, од кои 71 имале историја на депресија. Тие користеле машина за анализа на боите, светлината, филтрите и сите други алатки што се користат за фотографирање.

Откриле дека луѓето во депресија објавуваат повеќе фотографии кои се потемни, во сиви, сини или црни нијанси.

Loading...

 

 

Исто така, тие користат помалку филтри, а доколку ги користат, тие користат „Inkwell“, поради што фотографиите се во црно-бело.

Ментално постабилни луѓе ја сакаат опцијата „Valencia“, која ги осветлува фотографиите. Луѓето кои се во депресија прават повеќе фотографии од своите лица, за разлика од поздравите луѓе.

Leave a Reply