Што се случи со шпионскиот сателит на американската влада?

Сподели со своите пријатели

Агенцијата „SpaceX“ во недела лансираше шпионски сателит од американската влада вреден милијарда долари, но нешто тргна по зло и сателитот сега е уништен.

Веројатно.

Доверливи извори од американската влада за „Вол стрит журнал“ наведува дека сателитот, кој го изградила компанијата „Нортроп Груман“ не ја достигнал потребната височина и дека се вратил назад во земјината атмосфера.

Поради високодоверлива природа на она што го носел, веројатно е нејасно што всушност се случило, а дури и не се знае која владина агенција го испрати „Зума“ на небото.

SpaceX го планира она што досега не им успеа ниту на Facebook ниту на Google

Loading...

Компанијата SpaceX  не сака да коментира ништо за багажот кој го пренеле, освен што наведуваат дека од нивната страна се било направено како што треба. А, тоа можело да се види од ракетата Фалкон 9, која носела сателит и успешно по осум минути се врати во својата база.

– Чисто да биде јасно, Фалкон 9 изврши се како што треба во недела навечер. поради доверливоста на багажот натамошните коментари не се можни, рекла за „Хафинтон пост“ Гвин Шотвел, претседателката на SpaceX.

Астрофизичарот Џонатан Мекдовел истакнува дека ракетата дефинитивно лансирала нешто. Иако јавноста смета дека токму тоа е поентата – шпионски сателит, за чие постоење не треба да се знае. Мекдовел вели дека верува дека приказната за „изгубениот“ сателит е лажна.

Ако сателитот навистина паднал, многу е веројатно адаптерот кој го произвел „Нортон Груман“, а кој требало да го одвои сателитот од ракетата навистина да откажал. Компанијат истакнува дека инсистирала да се користи нивниот адаптер наместо оној кој SpaceX веќе го поседува.

Тоа би објаснило дека SpaceX својот дел од работата го извршиле перфектно, додека она што натаму се случувало е одговорност на друга спомената компанија.