SpaceX го планира она што досега не им успеа ниту на Facebook ниту на Google

Сподели со своите пријатели

Ирон Маск, директорот на компанијата SpaceX соопшти дека до 2019 година ќе овозможи вселенски интернет или интернет поддржан од сателити. 

Компанијата има намера да ја опкружи Земјата со илјадници сателити кои би овозможиле пристап на интернет на сите луѓе во светот.

Компанијата планира да испрати прототип на сателитот во вселената веќе оваа година, пред 2018 година за кога планираат да испратат уште еден.

Овие прототипи ќе демонстрираат дека со помош на класични сателити е можно да се осигура вселенскиот интернет за жителите на Земјата, пред SpaceX воопшто да започне во 2019 година со изградба на интернет мрежа.

Компанијата планира да лансира 4.425 сателити во орбитата на Земјата на прилични ниски височини, измеѓи 1.235 или 1.325 километри.

Околку земјината орбита моментално кружат 1.459 сателити, а SpaceX планира наскоро да го зголеми нивниот број за три пати. Експертите сметаат дека се работи за доста амбициозен, но и потенцијално тежок и опасен план.

Претходно преку слични проекти и компаниите Facebook и Google се обидоа да изведат слични идеи. Компанијата на Зукенберг тестираше дронови кои би испраќале интернет сигнали на места каде интернетот е тешко да се воведе.