Што се дронови камикази и зошто сејат страв во Украина?

Сподели со своите пријатели

Воздушните напади во Украина не престануваат со денови. Русите безмилосно гаѓаат енергетски и цивилни цели низ целата земја.

Loading...

Во последните денови Киев беше под големи напади, а шефот на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, тврди дека градот бил нападнат од дронови камикази.

– Главниот град беше нападнат од дронови камикази. Ни требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана и тоа што е можно поскоро. Немаме време за бавни акции. Повеќе оружје за одбрана на небото и уништување на непријателот – извика Јермак.

Што точно се овие дронови и кои се руските тактики?

Имено, Иран на Русите им испорача најмалку два системи на дронови – Шахид-136 и Мохаџер-6.

Шахид-136, кои се нарекуваат дронови камикази затоа што експлодираат при удар.

Тие можат да носат мала боева глава од околу 30 килограми и се вели дека имаат дострел до 2.500 километри, иако се користи за пократки цели.

Според анализата на Американскиот институт за мир, Русија ги распоредила двата вида дронови , кои се релативно едноставни за ракување, веднаш по нивната испорака во август.

Така, Институтот за мир тврди дека Шахид-136, преименуван во Геран-2 во руска служба, бил во употреба најдоцна во септември, а Мохаџер-6 на почетокот на октомври.

Loading...

– Станува збор за дронови кои удираат во нивната цел и предизвикуваат огромна штета. Тие се многу лесни за програмирање, па се многу ефикасни, но и што е најважно, многу прецизни. Тие во никој случај не се евтини оружја, тие се многу скапи, но ако ја погоди целта, тогаш си ја исполнил својата цел. Со ова Русија започна нова фаза од војната, која стана уште посмртоносна – објасни проф. д-р.Маринко Огорец, воен експерт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.