Што разговараа Путин и Ердоган за Украина?

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин го опиша рускиот претседател Владимир Путин како далекусежен лидер кој не сака да му наметне избор за украинското прашање на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Loading...

– Путин е далекусежен лидер кој разбира дека такви работи не можат да му се наметнат на Ердоган. Ердоган и Путин имаат многу добри и силни односи засновани на доверба и меѓусебно почитување – рече Калин и додаде дека благодарение на ова двете земји успешно соработуваат за прашањето за Сирија, процесот во Астана, коридорот за жито и други прашања. ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Коментирајќи го дијалогот за Украина, Калин рече дека Русија добро ја знае позицијата на Турција.

– На руската страна ѝ кажавме дека конфликтот мора да заврши со почитување на територијалниот интегритет на Украина и зачувување на нејзината политичка независност, како и враќање на сите анектирани територии – рече тој, пренесе Танјуг.

Калин потсети на неговата посета на Москва во март, кога, како што рече, „повеќе се разговарало за билатерални прашања“, но на крајот „имало зборови за темата Украина“.

На прашањето дали Путин го поддржал Ердоган пред општите избори во Турција на 14 мај, Калин посочи дека ваквото прашање не е политички коректно во контекст на изборите и дека „каков вид поддршка не доаѓа предвид“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Тој повтори дека двајцата лидери имаат многу ефикасни односи што „овозможуваат врвна дипломатија“.