Што предвидувала ЦИА во 70тите за Југославија по смртта на Тито?

Сподели со своите пријатели

Декласифицираните карти претставуваат содржини кои повеќе не се класифицирани и со текот на времето може да бидат од интерес за јавноста. Така, разузнавачката агенција ЦИА пред неколку години објави мапи на Југославија, што изненадија многумина.

Loading...

Едната е од 1981 година, а другата, онаа од 1998 година е воено-географска. Има и карта на централниот Балкан од 2000 година.

 

 

САД биле доста заинтересирани за Југославија, која беше важна држава за време на Студената војна. Така, во 2007 година беше објавен документ од 20 ноември 1970 година, кој зборуваше за „сили кои ја децентрализираа политичката моќ и контрола во рамките на Југославија повеќе отколку во кое било друго комунистичко општество“.

„Прашањето е дали овие сили ќе го поткопаат централизмот во Југославија, а изгледите за пост-титовска стабилност нема да станат јасни уште некое време. Во секој случај, карактерот на Југославија се менува, а последиците од евентуалниот резултат се сѐ поважни за Југословените, Русите и Западот, пишува во вовеодт од документ, во кој се наведува и изјавата на црногорскиот комунист и дисидент Милован Ѓилас за можноста за советска интервенција во Југославија.

 

Loading...

 

Овој документ веќе зборува за пост-титова Југославија, што не е чудно бидејќи Тито веќе бил во поодмината возраст, иако починал 10 години подоцна.

ЦИА веќе го почувствувала крвавото распаѓање на Југославија.

„Потенцијалот за катастрофа е реален“, се вели во документот, во кој се предупредува дека доколку Едвард Кардељ или Коста Црвенковски побараат оставки по смртта на Тито, Хрватите би можеле да тргнат кон отцепување, што може да се спречи само со воена акција под српска власт и црногорските генерали.

„Ако ова доведе до екстремен заклучок, тоа може да значи граѓанска војна“, се вели во документот.

Се наведува и дека Кардељ има само лична власт и војска на Тито во борбата против републиканските лидери.

По смртта на Тито ќе остане само војската“, се вели во документот.

Loading...

 

 

Во документот се посочува и дека Словенија и Хрватска се многу побогати од другите делови на Југославија и ги нагласуваат аспирациите на Хрватска за независност.

На крајот од документот е речник, а под „Хрватска“ се посочува дека со неа владееле од Виена и Будимпешта речиси илјада години, додека Далмација имала многу поинаква историја од остатокот од земјата и била земја на пирати, трговци и долга колонија на Венеција.

Космополитските далматинци, се посочува, не го делат силниот милитантен национализам на остатокот од Хрватска и, барем меѓу двете светски војни, биле повеќе склони да ги прогласат Србите за победници и гаранти на независноста од несловенската доминација.