Што после ПржиНО?

Сподели со своите пријатели

Пишува Емил Ташевски

Loading...

Вистината е широк поим, но и шило, вели нашиот премиер, но во отсуство на вистината за која се бориме, бегање од неа стана семакедонско секојдневие. Во состојба на закочени преговори и прекршување на договорот од Пржино, еве ја сликата на сегашното македонско општество.

Со одложување на исполнување на договорот, се врати на сцена застојот во развивањето на нашето општество, економските проблеми станаа уште поизразени, се оди на влошени меѓуетнички односи и меѓународни проблеми со нашите соседи, што создава причина за голема загриженост и прашањето но и одговор пред јавноста за тоа, што после ПржиНО?

Тешките кризи не го зафатија само политичкиот систем, туку и целокупниот јавен поредок на нашата држава. Остана да се шири канцерот на неработење и неодговорност, корупција и непотизам, отсуство на правна сигурност, непочитување на законите… Распаѓање на моралните вредности, недоверба во способноста во оние кои носат битни одлуки.

  • Власта вели ДРЖАВЕН УДАР?

Државен удар често беше спомнуван во нашата јавност кога власта сакаше истата (таа јавност) да биде шокирана. Никој во Р. Македонија не може да каже дека сегашната ситуација во која се наоѓаме, не е тешка или дека не сме во длабока криза, но кризата не е само политичка, туку многу поширока. Никој не очекуваше и дека премиерот има магично стапче, но верувам и дека никој не очекуваше нашата Влада да се фокусира на некои небитни работи и да фрла лопати секој втор ден за смешни работи. Тоа е само резултат на неспособноста на Владата да се фокусира на сериозни проблеми како евроатланските интеграции, решавање на спорот со името и економските перспективи.

  • Како понатаму?

Првиот услов за трансформација и повторно раѓање лежи во голема демократска мобилизација на комплетната и ментална морална моќ на луѓето, но не само за извршување на одлуките донесени од политичкиот форум, туку во дизајнирање на програма за иднината на најдемократски начин што ќе биде прв пат во новата историја за соединување на знаењето и искуството, совеста и храброста, имагинацијата и одговорноста врз основа на долгорочни програми.

  • Само од самите нас зависи, нели?

„Секој народ заслужува држава (власт), таква каква што ја има“, рекол Цицерон. Дали е тоа така и за нашата? Политичкиот театар наметнат од владејачката структура ни се претвори во реално шоу во кое важат истите правила на натпреварот – биди дел од јавниот живот, испадни морон, фати некоја пара и бегај. Разликата е во тоа што во реално шоу на крајот се гасат камерите, целиот настанат цикрус оди во заборав, а ние гледачите ги лижеме раните настанати на нашите мозоци, вршиме ментална хигиена во смисла на читање на паметна книга и животот продолжува како ништо да не ни било.

Со ова, ново реално шоу, работите се многу сериозни. Се гасат камерите, ама и државата оди, простете, но во мајчина…

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.