Што навистина се случува кога ќе голтнете гума за џвакање?

Сподели со своите пријатели

Уште од мали нозе, родителите не предупредуваат на опасноста од голтањето гуми за џвакање. Со оглед на тоа како секој од нас барем еднаш во живото има проголтано гума за џвакање, време е да ја дознаеме вистината з аопасностите кои доаѓаат со тоа.

Loading...

Можеме ли да ги преработиме гумат аза џвакање во стомакот?

Гумите за џвакање нашето тело не може во целост да ги преработи. И додека состојките како засладувачи и шеќери телото ги препознава и разградува, но остатокот останува во целост.

Иако тоа може да звучи опасно и загрижувачки, непреработената гума за џвакање завршува каде и останатите непреработливи состојки како кора од овошје или коска или пак семка – нашето тело ги исфрла при голема нужда.

Може ли гумата за џвакање да се залепи за желудникот?

Најголемата грижа на нашите родители беше дали гумата за џвакање може да се залеми за нашите црева или желудник.

За разлика од незгодните последици од гумите за џвакање да се залепат за обблека, коса или ѓон од ципела, веројатно тоа е многу мала веројатност. Иако ќе и треба нешто повеќе време да помине низ целиот дигестивен тракт, со време слатката гума за џвакање е таму каде и треба – во WC школката.

Кога голтањето гуми за џвакање може да стане проблем?

Loading...

Многу се ретки случаите во кои голтањето на гумите за џвакање може да предизвика здравствени проблеми, а најчесто се врзуваат со пореметување на дигестивниот систем предизвикани од дивертикулитис или кронова болест.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.