Што ќе се случи со Украина ако Зеленски почине, откриваат тајните документи кои протекоа

Сподели со своите пријатели

Доколку умре украинскиот претседател Володимир Зеленски, ЕУ би можела да го ограничи снабдувањето со оружје и воена опрема за Украина, пишува агенцијата „АП“, повикувајќи се на анализата на американските разузнавачки служби, која се најде меѓу подоцна објавените документи.

Loading...

Во анализата спомната во текстот, која е класифицирана како „тајна“, се разгледуваат најекстремните сценарија за развојот на настаните во текот на руската специјална воена операција во Украина.

Во него се наведува дека фигурата на Зеленски како претседател е клучот за „внатрешна и надворешна поддршка“ за акциите на украинските власти од Запад.

Михаил Подољак, советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, за медиумите изјави дека истекувањето на информации од Пентагон „не треба да ги поткопува односите на Украина со западните земји“.

Тој ги нарече обелоденетите документи „нормална анализа“ и дека тие не менуваат ниту еден од плановите на Киев.

Подољак појасни дека некои податоци од „тајните документи“ воопшто не се тајни.

На пример, информации за недостаток на системи за противвоздушна одбрана во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...