Што е „ЦРН ПЕТОК“ и зошто тогаш сите купуваат?

Сподели со своите пријатели

Попустите за таканаречениот „црн петок“ ширум светот привлекуваат огромен број клиенти, а еве како „црниот петок“ го добил името.

Loading...

Како од сите страни да слушаме за шопинг за „црн петок“, сите се подготвуваат денеска да ги одврзат чантите и да се почестат со нова гардероба, техника или подароци за претстојните празници.

Но, што е „црн петок“? И зошто се вика така?

Има две објаснувања за името на денот на кој официјално започнуваат празничните попусти.

 

 

Според првата теорија, името „Црн петок“ првпат било употребено во 1960-тите во Филаделфија.

Еднаш годишно во тој град се одржувал традиционален натпревар во американски фудбал меѓу припадниците на армијата и морнарицата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Милано сакаат да забранат сладолед и пици по полноќ: „Го правиме за мир“

Организаторите секогаш гледале мечот да биде во сабота по Денот на благодарноста, кој пак се паѓа во четврток кон крајот на ноември.

Илјадници туристи ќе се подготват за Филаделфија ден пред натпреварот, да го обиколат градот, да пазарат пред празниците и да се забавуваат.

Локалните трговци секогаш се подготвувале за наплив на купувачи и пониски цени за да ги привлечат што е можно повеќе.

 

 

Полицијата во Филаделфија едвај успеала да се справи со толкав број туристи пиеле во петокот, што создавало метеж на улица и во сообраќајот, но и несреќи, ситни кражби, тепачки…

По неколку години, интерно името за ден пред натпреварот меѓу полицајците во Филаделфија било „црн петок“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стопирале пијан возач, а лекарите потоа утврдиле дека неговото тело само произведува алкохол

Според друга теорија, овој шопинг „празник“ на крајот на ноември го добил името по економски термин од англискиот јазик.

Кога трговецот е „во црно“, тоа значи дека има доволно приходи да ги покрие трошоците и дека може да си дозволи да ја намали цената.

 

 

Инаку, „Црн петок“ започнал низа придружни празници во денешното потрошувачко општество, па тука е и „Мала деловна сабота“, односно сабота кога муштериите треба да им го посветат вниманието и парите на локалните, малите трговци.

А „Сајбер понеделник“ е денот кога цените во онлајн продавниците  се пониски!