Што е „Bed rotting“, нов тренд кај младите што ги загрижува психолозите?

Сподели со своите пријатели

Генерацијата Z создаде нов тренд кој го преплави TikTok во последните неколку месеци, во кој ги фалат придобивките и задоволствата од поминување на целиот ден во кревет, пишува Daily Mail.

Loading...

Видеата со хаштагот #bedrotting, односно „гниење во кревет“ го преплавија ТикТок и беа прегледани повеќе од 125 милиони пати.

Бројните тиктокери во виралните видеа покажуваат како го поминуваат денот во кревет и се занимаваат со активности кои ги опуштаат, како што се играње игри, „скролање“ на мобилните телефони, читање книга или гледање филмови.

Генерацијата Z тврди дека поминувањето на целиот ден во кревет по стресен ден (или недела) им нуди целосно закрепнување, но и го подобрува менталниот фокус и желбата за продуктивност.

Сепак, овој нов тренд ги загрижува психолозите, кои се согласуваат дека луѓето со предиспозиција за депресија би можеле да доживеат влошување на симптомите по еден ден поминат во кревет.

Лорел Робертс-Миз, лиценциран брачен и семеен терапевт, верува дека овој тренд може да ги прикрие симптомите на клиничката депресија и да доведе до идејата дека е сосема нормално да поминувате денови во кревет и да не барате помош за вашиот проблем со менталното здравје.

„Избегнувањето е гориво за анксиозност и депресија, а ако го поминете денот во кревет за да ги избегнете вашите мисли, чувства или проблеми, вие всушност ги храните тие чувства и симптоми. Понатаму, ја пропуштаме можноста активно да се вклучиме во живот кој ќе биде подобро за нашето ментално и физичко здравје“, објасни психологот др. Катрина Остмајер.

Психолозите предупредуваат и дека таканаречениот „ден на јорганот“ често се претвора во можност за бескрајно скролање на социјалните мрежи, што според бројни истражувања може да го зголеми ризикот од развој на анксиозни нарушувања, како и нарушувања во исхраната.

Loading...

 

@justb_official 가을은 독서의 계절🍃 건우는 책과 함께 하루를 마무리해요😏📖 #JUSTB #저스트비 #이건우 #GEONU #ComingHome #짱스트비침콕🛌 #bedrotting #trend #foryou #fyp ♬ Coming Home (Acoustic English Ver.) (Digital Only) – JUST B