Штајнмаер повика на формирање на Трибунал за воени злосторства против Путин и Лавров

Сподели со своите пријатели

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика на формирање на Трибунал за воени злосторства против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи на земјата Сергеј Лавров, објави „Шпигел“, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Секој кој е одговорен за овие злосторства ќе мора да го објасни тоа“, рече Штајнмаер во интервју за „Шпигел“.

 

Лукашенко: Белорусија ќе биде со Русија во сите тешкотии

 

„Тоа ги вклучува војниците, воените команданти. И секако оние кои имаат политичка одговорност“, додаде тој.

Украина ја обвини Русија за геноцид и воени злосторства, а Кремљ во вторникот рече дека западните тврдења дека руските сили егзекутирале цивили во украинскиот град Буча се „монструозен фалсификат“ со цел да се дискредитира руската војска и да се оправдаат новите западни санкции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“