Шпанија: Водат конзервативците, но без апсолутно мнозинство

Сподели со своите пријатели

Шпанската конзервативна Народна партија по пребројувањето на речиси 96 отсто од гласовите води со 136 места во парламентот со 350 пратеници.

Loading...

Владејачката Социјалистичка партија освои 122 места, ултрадесничарската Вокс 33, а левичарската Сумар има 31 пратеник, пренесува агенцијата ЕФЕ.

Народната партија нема апсолутно мнозинство од 176 мандати и сега може да коалицира со Вокс, иако според досегашните резултати таа коалиција не би имала доволно мандати за апсолутно мнозинство.

Популистичкиот лидер Алберто Нуњез Феихо не сака да владее заедно со екстремната десница и во телевизиска дебата рече дека водачот на Вокс, Сантијаго Абаскал, нема да биде член на следната влада освен ако „не ни требаат гласовите“.

Сепак, водачот на Вокс, Сантијаго Абаскал, предупреди дека цената на неговата поддршка ќе биде учество во владата.

Изборите во Шпанија предизвикуваат необичен интерес во странство поради можното доаѓање на власт на сојуз меѓу конзервативната десница и ултранационалистичката и ултра-конзервативна партија Вокс, која го отфрла постоењето на родово насилство, го критикува „климатскиот фанатизам“ и е многу отворена против ЛГБТ заедницата и абортусот.

Таквото сценарио би го означило враќањето на власт на екстремната десница во Шпанија за прв пат по крајот на диктатурата на Франко пред речиси половина век.

Како што се приближуваат европските избори во 2024 година, вртењето на Шпанија надесно по Италија минатата година ќе биде остар удар за европската левица, особено што Шпанија моментално претседава со Европската унија.

Loading...