ШПАНИЈА: Уапсени фалсификатори на ковид пропусници

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција уапси седуммина осомничени членови на меѓународна криминална група која правела и продавала фалсификувани пасоши за ковид.

Loading...

Тие, исто така, продаваа сертификати и негативни резултати од тестот, соопшти шпанската полиција.

Во извештајот на Ројтерс се наведува дека истрагата открила дека шпанскиот огранок на оваа организирана криминална група, која ги рекламирала своите услуги на онлајн групата за инстант пораки „anti-vac“, додала најмалку 1.600 луѓе во националниот регистар за вакцинирање за измама и со помош од здравствени работници.

Минатата година, земјите од Европската унија се согласија да воведат стандардизиран сертификат за ковид со QR код за вакцинираните и тестирани граѓани да можат слободно да патуваат и да присуствуваат на јавни настани, што предизвика барање за лажни документи за ковид.

Полицијата уапси шест лица во Мадрид и едно во Барселона, но не даде повеќе информации за лицата кои се лишени од слобода и кои ќе бидат обвинети за фалсификување документи и кршење на законот против интересите на јавното здравје.

„Истрагата продолжува во насока на можна кражба на лозинки (регистер)“, се вели во соопштението на националната полиција, во кое се истакнува дека обвинетите ги поделиле клиентите во две групи според критериумите за личен доход и наплатувале од 200 до 1.000 евра за лажен сертификат за кој на нарачателите им го доставувале за два дена по уплатата.

За негативен сертификат за ПЦР тест наплатиле 50 евра. Полицијата сега води истрага против 1.600 лица кои биле лажно регистрирани.

Лидерите на оваа криминална организација биле активни во Франција, каде за разлика од Шпанија, за влез на јавни простори како ресторани или кина, потребен е ковид пасош за вакцинација.

Loading...