Шпанија – 102 смртни случаи од минатата сабота поради топлотниот бран

Сподели со своите пријатели

Од минатата сабота, кога започна првиот топлотен бран летово во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високата температура, соопшти Системот за дневно следење на смртноста од сите причини (MoMo).

Loading...

Вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни оваа година, кој според Државната метеоролошка агенција (Aemet), беше оценет како најжешкиот месец некогаш регистриран во земјата, достигна 380, објави шпанскиот „Елмундо“.

Податоците на MoMo покажуваат дека вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со топлина и студ се регистрирани во првата половина од годината, што претставува 68 проценти од вкупните смртни случаи поврзани со топлина за целата 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртни случаи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште едно масовно пукање во Америка: Повеќе луѓе се ранети во Чикаго

Јуни беше месецот со најголем број смртни случаи од топлотен удар, со понеделник, 30 јуни, денот со најголем број смртни случаи – 46, додека во недела, 28 јуни, беа регистрирани 32 смртни случаи, ист број како и целиот јуни во 2024 година.

Во јуни 2024 година немаше топлотни бранови, а просечната температура беше 19 степени Целзиусови, што го прави еден од „постудените месеци“ на Иберискиот Полуостров од април 2022 година.

Најголем број смртни случаи во јуни 2025 година е забележан кај жените – 237, додека поголемиот дел од жртвите биле над 65 години, а граѓаните над 75 години се особено изложени на ризик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На децата во Германија им е дозволено да пијат алкохол под родителски надзор, Германците сакаат да го забранат тоа

Според податоците на Aemet, просечната температура во јуни оваа година била 23 степени, што е за 0,8 степени повисоко од претходниот рекорден јуни од 2017 година, додека зголемувањето во споредба со просечната температура за периодот од 1991 до 2020 година изнесувало дури 3,5 степени.

Јуни оваа година започна со температура која надмина 43 степени во неколку градови на југот од Иберискиот Полуостров, а највисока температура е забележана во општината Алкончело и Фуентес де Андалусија, каде што температурата достигна 43 степени.

Loading...