Шолц: Украина треба да биде снабдена со муниција што е можно побрзо

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави, во четвртокот обраќајќи се пред Бундестагот, дека ѝ гарантира на Украина понатамошна воена помош, како од Германија, така и од европските земји.

Loading...

– Германија, заедно со своите европски партнери, ќе се погрижи Украина да продолжи да се снабдува со оружје и опрема за да истрае во одбраната – изјави германскиот канцелар Олаф Шолц при поднесувањето на извештајот за работата на коалициската влада до Бундестагот, пред самитот на Советот на Европската унија следната недела во Брисел.

Тој рече дека сега е многу важно Украина да се снабди со муниција што е можно побрзо.

– На состанокот на Советот на Европската унија следната недела, заедно со нашите европски партнери, ќе донесеме мерки за да постигнеме подобро и пред се континуирано снабдување – рече Шолц, истакнувајќи дека Германија веќе обезбедува значителна воена помош за Украина. , која се брани од рускиот напад.

Шолц ги повика граѓаните на Германија да гледаат кон иднината со доверба и покрај драстичните промени што се случија по рускиот напад на Украина.

– Точно е дека самодовербата и оптимизмот не можат да се наметнат со декрет, но тие се плод на реализираните напори – рече Шолц и укажа на фактот дека во меѓувреме, за само осум месеци, Германија стана независна од рускиот гас и нафта.

– Немаше ниту економски пад, ниту беа затворени индустриските погони, како што предвидуваа некои – рече Шолц.

– Ова покажува дека, кога е потребно, сме во состојба да ја извршиме трансформацијата многу брзо – заклучи канцеларот Шолц.

Loading...

Шолц, исто така, вети дека градовите и општините ќе помогнат во згрижувањето на бегалците од Украина.

Парламентарната опозиција ја критикуваше социјалдемократската-зелено-либералната влада на Олаф Шолц за неуспесите во претходната работа и реакцијата на војната во Украина.

– Самодовербата настанува кога граѓаните имаат чувство дека ги води влада која има ориентација, носи одлуки и која не е силна само на зборови – изјави претседателот на опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Фридрих Мерц, реагирајќи на Говорот на Шолц.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.