Шолц: Германија сега е во многу подобра позиција да се спротивстави на заканите од Русија

Сподели со своите пријатели

Германија сега е „во многу подобра позиција“ да се спротивстави на „заканите“ од Русија, вклучително и гасната криза што се појави по руската инвазија на Украина, рече канцеларот Олаф Шолц.

Loading...

Рускиот гигант Газпром се подготвува утре на три дена да ја прекине испораката на гас преку гасоводот Северен тек поради „одржување“.

Сите мерки што Германија ги презеде за да го гарантира своето снабдување „придонесоа денес да бидеме во многу подобра ситуација отколку што беше предвидено пред неколку месеци“, рече Шолц пред состанокот на владата во Месеберг, недалеку од Берлин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија бараат укинување на новогодишните светилки

„И можеме да се справиме со заканите со кои се соочуваме, од Русија да користи гас како стратегија во војната против Украина“, додаде Шолц.

Германија е силно зависна од рускиот гас и бележи силен пад на испораките од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.