Шолц: Германија е доволно силна да ја надмине кризата

Сподели со своите пријатели

„Германија е доволно силна да ја надмине кризата предизвикана од руската инвазија на Украина и да излезе од неа уште посилна благодарение на новиот пристап кон енергетската, одбранбената и трговската политика“, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц.

Loading...

– Ги елиминираме недостатоците во енергетската и трговската политика кои не доведоа до еднострана зависност од Русија и Кина, особено – рече Шолц во Бундестагот, долниот дом на парламентот, додавајќи дека продолжувањето на таков курс не е опција, пренесува Ројтерс.

Социјалдемократскиот канцелар нагласи дека „Германија има сила да ја надмине кризата и да излезе посилна од неа“, и дека неговата влада ќе работи понапорно за ситуацијата да не остане статус кво.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.