Шолц е против испраќање на „Таурус“ во Украина ако тоа вклучува учество на германски војници

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот ја отфрли можноста за вооружување на Украина со ракети Таурус со долг дострел, ако германските војници мора да бидат вклучени во употребата на тие ракети.

Loading...

„Не можете да испорачате систем на оружје што има многу долг дострел без да размислувате како да го контролирате“, рече Шолц, според Ројтерс.

Тој додаде дека е можно да се има контрола над оружјето само доколку со него управуваат германски војници.

„И тоа не доаѓа предвид“, рече Шолц.

Досега Германија се спротивставуваше на испраќање ракети Таурус во Украина, плашејќи се од директна конфронтација со Русија.

Сепак, ова прашање повторно беше дискутирано откако руските медиуми минатата недела објавија 38-минутна снимка од разговор во кој германските офицери наводно разговараат за техничките можности на крстосувачката ракета Таурус и дали германските крстосувачки ракети технички се способни да го уништат мостот на Крим.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.