Шојгу: Приоритет се инвестициите во инфраструктурата за нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека фокусот на инвестициите во 2023 година ќе биде ставен на инфраструктурата за нуклеарно оружје, која вклучува изградба на силоси за сместување на нови проектили.

Loading...

„При подготвувањето на списокот на големи градежни проекти, ќе посветиме посебно внимание на градбите во интерес на нашите стратешки нуклеарни сили“, рече Шојгу, а пренесе руската прорежимска агенција РИА.

Зборуваше и за мобилизираните Руси

Да потсетиме, Русија во понеделникот без образложение ги одложи преговорите со САД за нуклеарно разоружување, само велејќи дека преговорите ќе се одвиваат во иднина.

Сегашниот договор за нуклеарно оружје, наречен СТАРТ, истекува во 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку пет лица загинаа во рускo бомбардирање во источна Украина

Шојгу, пренесува РИА, ја коментирал и ситуацијата со Русите мобилизирани за војната во Украина.

Тој рече дека 300.000 резервисти, вклучително и доброволци, биле обучени во два месеци откако рускиот претседател Путин наредил „делумна мобилизација“.

Министерот тврди дека обуката била спроведена во повеќе од 100 кампови за обука во Русија и Белорусија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...