Шојгу: Муницијата со ураниум ќе им наштети на украинските војници, како во Косовската војна во 1999 година

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предупреди дека муницијата со осиромашен ураниум, која Велика Британија планира да ја испрати во Украина, ќе има сериозно негативно влијание врз здравјето на украинските војници кои ќе ја користат, како што беше случајот со војниците на НАТО на Косово и Метохија во 1999 година.

Loading...

Во интервју за телевизијата „Русија-1“, за пропагандни цели, тој поттикна една стара теорија што се појави по бомбардирањето на СР Југославија и рече дека НАТО веќе користел таква муниција за време на интервенцијата на Косово, во Србија во 1999 година, и дека делумно беа испитани последиците од неговата употреба.

– Имаше последици по здравјето на оние кои ја користеа таа муниција. Имаше сериозни медицински состојби и тие беа проучувани. Меѓутоа, тие не испитале какво влијание имала муницијата врз оние против кои била употребена, додаде рускиот министер, пренесува ТАСС.

Британскиот заменик министер за одбрана Анабел Голди претходно изјави дека, покрај испораката на борбени тенкови „Челинџер 2“, Велика Британија ќе го снабдува Киев со муниција, вклучително и гранати со осиромашен ураниум.

Руската амбасада во Лондон ја предупреди британската влада да не го снабдува Киев со таква муниција.

Според руските дипломати, овој чекор е полн со ризици за натамошна ескалација на конфликтот.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера предупреди дека најавата на Велика Британија дека ќе и обезбеди на Украина муниција со осиромашен ураниум значи дека остануваат „се помалку чекори“ до нуклеарен конфликт.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...