Шојгу изврши контрола над напредното командно место на воената група „Запад“

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши увид во напредното командно место на воената група „Запад“ во зоната на специјални воени операции, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.

Loading...

На командниот пункт, Шојгу го слушаше извештајот на командантот на групата, генерал-полковник Евгениј Никифоров, за моменталната ситуација, карактерот на дејствијата на непријателот и извршувањето на борбените задачи на руските трупи на главните тактички линии, соопшти Министерството.

Никифоров го информирал Шојгу и за формирањето и тековната борбена координација на новоформираните резервни полкови на Западната група на сили, пренесе РИА Новости.

Тоа е прво појавување на Шојгу во јавноста по неуспешниот бунт на приватната воена група „Вагнер“ во саботата, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.