Шојгу: Бунтот „Вагнер“ пропадна поради лојалноста на војската

Сподели со своите пријатели

Меѓународниот центар за гонење на кривични дела агресија против Украина беше отворен вчера во Хаг, во седиштето на Европравда – агенцијата за судска соработка на Европската унија.

Loading...

Тоа е последниот чекор во заедничките напори ширум светот да се утврди кривичната одговорност на руското раководство за војната против Украина.

Бунтот на паравоената група „Вагнер“ во Русија пропадна благодарение на лојалноста на армијата, изјави вчера рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на средба со офицери, пренесува АФП.

Ова се првите јавни изјави на Шојгу за бунтот покренат на 23 и 24 јуни од страна на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој потоа рече дека сака да стигне до Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов обвинувајќи ги дека се неспособни и дека го напаѓаат неговиот народ, пренесува Бета.

Центарот нема да покренува обвиненија или да издава налози за апсење на осомничените, туку ќе ги поддржува тековните истраги во Украина, Естонија, Летонија, Литванија и Полска.

Украинската армија за една недела поврати 37 квадратни километри од руските сили на истокот и југот од земјата како дел од контраофанзивата што ја води во тие области, изјави украинскиот заменик министер за одбрана Хана Маљар.

Вчера Би-Би-Си објави извештај од фронтот во кој јасно се гледа дека минските полиња поставени од Русите се огромен проблем за украинската армија.

Најмалку едно лице загина вчера во градот Суми, на северот на Украина, кога руски дрон удри во станбена зграда, објави Андриј Јермак.

Loading...

Украинските власти поднесоа обвинение за предавство против поранешниот висок функционер за безбедност Олех Кулинич, соопшти украинската тајна служба.

Како што јави Танјуг, Кулинич, кој беше началник на Одделот за Крим при Службата за безбедност на Украина (СБУ), беше уапсен минатиот јули под обвинение дека по налог на Москва регрутирал оперативци погодни за Русија.

Тие тврдат дека осомничениот всушност работел за ФСБ, руската тајна служба.

А ФСБ вчера објави дека спречила атентат на шефот на Крим, Сергеј Аксјонов.

Приведен е руски државјанин, кој бил регрутиран од СБУ и кој наводно планирал да го крене во воздух автомобилот на Аксјонов.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.