Ширер: На Лукаку не му одговара тактиката на Мурињо

Сподели со своите пријатели

Легендата на англискиот фудбал Алан Ширер верува дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку може да игра уште подобро од она што го прикажува од почетокот на сезоната.

Белгиецот има 13 гола и 6 асистенции во Премиер лигата досега. Сепак, според Шир, пречка за повеќе е одбранбената тактика на Жозе Мурињо.

– Сочувствувам со Лукаку поради начинот на кој Жозе Мурињо го води тимот со Матиќ или Херера во средината на теренот. Тие се од типот фудбалери кои кога одземат топката, првата мисла не е како да ја поднесат напред, а почнуваат да се чудат дали да додадат лево, или можеби десно. Ако тие почесто се обидуваа директно да ја праќаат во првите редови, тогаш за напаѓачите ќе биде полесно да создаваат проблеми на противникот, смета Ширер. /МИА


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *