Шилегов: Груевски заминува, тој е веќе историја (видео)

Сподели со своите пријатели

Со тапани, тенџериња, тави, со свирежи и транспаренти со ликот на премиерот Груевски, илјадници демонстранти вчера со протестен марш му порачаа на премиерот Никола Груевски веднаш да си поднесе оставка.

Loading...

Protest f3 (1)

Протестот започна во 18 часот пред Владата на Република Македонија, а граѓаните маршираа до зградата во која живее премиерот Груевски.

Демонстрантите за време на протестниот марш скандираа „Нема правда, нема мир“ и „Оставка“, а како колоната се приближуваше до домот на премиерот, така бучавата стануваше се погласна.

Protest f4

Пред зградата во која живее премиерот, демонстрантите ги пречекаа кордони од полицајци и припадници на специјалните единици.

На импровизирана бина на улицата , пред присутните се обратија активистите Васко Лазаревски, Петрит Сарачини и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.