Шестмесечно бебе од Куманово заразено од морбили

Сподели со своите пријатели

Шестмесечно бебе од Куманово и 40 годишен маж се заразени од мали сипаници или морбили. Министерството за здравство информираше дека двата нови случаи на заболени од морбили пријавени се од Институтот за јавно здравје, јавува порталот Сакам да кажам.

„Бебето, кое е на 6 месечна возраст, кое заради возраста сè уште не е вакцинирано и не подлежи на вакцинација. Тоа е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40 годишна возраст, кој бил вакциниран со една доза на вакцина. Пациентот е амбулантски прегледан и пуштен на домашно лекување. За двата случаи не постои податок за епидемиолошка поврзаност, како и податок за контакт со заболен од морбили“, велат од Министерството за здравство.

Извор: СДК.мк

Loading...