Шестгодишно момче преживеало два дена под урнатините во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Шестгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави пожарникар вклучен во спасувањето.

Loading...

Момчето, Азја, беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур во средата наутро, околу 40 часа по земјотресот, изјави пожарникар Аман Ријанто.

„Тој сè уште дишеше. Фала му на Бога што е жив и веднаш доби медицинска помош“, рече тој.

Меѓу загинатите во земјотресот има и многу деца кои по часови посетувале верски часови во џамиите, соопштија официјални лица.

Според Националната агенција за управување со катастрофи, околу 150 лица во Цианџур се уште се водат како исчезнати.

Повеќе од 1.000 луѓе се повредени, а 58.000 се раселени.

Земјотресот предизвика лизгање на земјиштето кое затрупа куќи и луѓе.

Повеќе од 2.300 згради и куќи беа оштетени во земјотресот.

Loading...