Шестгодишно момче направи 4.445 склекови и освои стан за семејството (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ибрахим Лијанов, шестгодишно момче од Русија, направи 4.445 склекови за два часа па така освои стан за себе и своето семејство и зарши во руската книга на рекорди.

Loading...

„Чеченски Шварценегер“, како што го нарекуваат момчето кое го урна рекордот, новиот дом го доби од локалниот спортски клуб Чингиз во кој Ибрахим секојдневно тренира со својот татко, пренесува „Дејли хант“.

Ибрахим не е прв кој доби ваква награда благодарение на неверојатен подвиг. Минатата година петгодишно момче освои нов Мерцедес откако направи 4.105 склекови, исто така без застанување.

Шестогидшниот Ибрахим и натаму тренира во својот локален клуб, а целта му е да го собори светскиот рекорд.

фото: Printscreen

Leave a Reply