Шест ученици од УОМО ”Панче Пешев” со први награди на меѓународен музички фестивал

Сподели со своите пријатели

За време на викендот, учениците од УОМО ”Панче Пешев” од Куманово, земаа учество на Mеѓународниот музички фестивал ”Охрид те сакам”, поделен на ревијални концерти и меѓународен натпревар.

Loading...

12308979_10153739601584738_760924012_n

12319543_10153739603794738_129913163_n

На ревијалните концерти на млади музичари се претстави и ученичката Камелија Станковска од класата на проф. Риана Рамиз со три композиции, и тоа В.А. Моцарт ”Алегрето”, ”Зераф” Калеников и Комаровски ”Как под горкои”.

Во конкуренција на деца од музичките основни и средни училишта од Македонија, во саботниот меѓународен натпревар во рамките на фестивалот ”Охрид те сакам”,  во дисциплина прва А камерна музика, од УОМО ”Панче Пешев” од Куманово, учество земаа учениците Фадбарда Далипи на виолина и Дрин Салиу на пиано во класата на професорките Риана Рамиз и Сандра Зојчевска, при што беа највисоко оценети, односно го освоија првото место со 98 поени.

 

Во истата категорија, прво место со 96 поени земаа и учениците Анди Зекири на виолина и Дуран Дуров на пиано во класата на професорите Риана Рамиз и Јасминка Наскова, додека во категоријата втора А, учениците Марио Петковски на пиано и Михаил Кимевски од класата на проф. Рамиз и Магдица Димитровска освоија прво место во својата категорија.

12318080_10153739602054738_565232480_o

Loading...

 

Нашите шест ученици се вратија дома со освоени први места на меѓународниот натпревар во Охрид. Продолжува традицијата која што ја создадовме заедно со нашите ученицим а тиа е секогаш да сме први на музичките натпревари и да се враќаме дома со многу награди, вели проф. Рамиз. 

Откако успешно го заокруживме овој проект, вели проф. Рамиз, сега останува подготовката за Новогодишните концерти во УОМО ”Панче Пешев”, а со тоа успешно да го заокружиме првото полугодие од оваа учебна година.