Шест пожари вчера во Куманово, еден во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Шест пожари изгаснале вчера пожарникарите во Куманово и околината, додека една интервенција бележат пожарникарите од Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи првата интервенција била на запелно стрниште во атарот на селото Романовце. Таму интервенирале тројца пожарникари во период до 12:15 до 13:40 часот.

Сува трева горела кај желенизчката станица каде во период од 17:15 до 19:50 часот интервенирале тројца пожарникари.

На улицата „Доне Божинов“ горело запалено ѓубре при што во период од 18:55 до 19:45 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во населбата Перо Чичо горела сува трева. Тројца пожарникари го гаснеле огнот во период до 20:35 до 21:40 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

Запален смет горел и во Индустриската зона Куманово каде кратка интервенција двајца пожарникари имале од 20:20 до 20:45 часот.

Во атарот на селото Пчиња ноќва горело запалено стрниште. Тројца пожарникари го гаснеле огнот во период од 01:20 до 02:10 часот.

Во атарот на селото Старот Нагоричане кон споменикот Зебрњак горела сува трева и ѓубре. Таму интервенирале двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане во период од 16:20 до 17:30 часот.

Loading...

Никола Ивановски