Шест пожари гаснеле вчера кумановските пожарникари

Сподели со своите пријатели

Шест помали интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во атарот на селото Јачинце горела сува трева, стрниште, а се запалил и еден помошен објект – плевна. Таму четвторица пожарникари интервенирале во период од 13:15 до 15:20 часот, а на помош дошле и тројца пожарникари од ТППЕ Старо Нагоричане.

Според проценките во пожарот во Јачинце изгорела површина од околу шест декари.

Втората интервенцијата била во близина на Спомен Костурница кај репетиторите, односно место викано Багрем Бања. Таму интервенирале тројца пожарникари од 19:40 до 24:00 часот.

И третата и четвртата интервенција биле кај Спомен Костурницата на запалена сува трева и грмушки.

Во населбата Пуковско пак изгореле огревни дрва. Таму интервенирале тројца пожарникари од 00:05 до 00:55 часот.

Традиционално смет бил запален кај поранешен Туш Маркет и таму гаснеле два пожарникари од 00:15 до 00:40 часот.

Никола Ивановски

Loading...