Шефот на Вагнер сè уште преговара со руските власти, повторно во Русија?

Сподели со своите пријатели

Преговорите за ставање крај на вооружениот бунт од страна на Вагнеровата група може сè уште да се во тек, објави Институтот за проучување на војната (ISW).

Loading...

Да потсетиме дека шефот на платеничката група, Евгениј Пригожин, во вторникот отиде во егзил во соседна Белорусија, откако Русија објави дека нема да го обвини за бунт.

Белоруската групација „Проект Хајун“ ги анализирала податоците од летот од вторникот и утврдила дека авионот поврзан со Пригожин најверојатно летал од Белорусија до Москва, а потоа полетал за Санкт Петербург, пишува Sky News.

„Постои можност Пригожин накратко да се вратил во Русија“

Затоа, рускиот воен блогер Игор Гиркин верува дека Пригожин се вратил во Русија за да разговара со високи функционери.

Со овие теории се согласува и Институтот за проучување на војната (ISW), кој објави дека руските власти и Пригожин веројатно сѐ уште преговараат за деталите од договорот.

„ ISW не може самостојно да потврди дали Пригожин навистина се вратил во Русија или деталите за наводната посета. Сепак, постои можност Пригожин накратко да се вратил во Русија за да ги разработи деталите од договорот што го преговарал белорускиот диктатор Александар Лукашенко“, вели ISW.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.