Шефот на Вагнер објави снимка со тела на убиени платеници и ги нападна руските власти (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шефот на платеничката група Вагнер објави видео со вулгарности во кое, според Си-Ен-Ен, тој ги напаѓа руските службеници.

Loading...

Евгениј Пригожин стои до наводните тела на неговите платеници и го напаѓа Кремљ: „Овие момци овде се Вагнерити кои загинаа денес. Крвта е сè уште свежа. Снимајте ги сите!“

„Тоа се нечии татковци и нечии синови. А вие што не ни давате муниција ќе горите во пеколот! Седите во вашите луксузни клубови, вашите деца се зависни од правење видеа за YouTube. Мислите дека сте господари на овој живот? Мислите дека можете да располагате со нивните животи? Ако имате магацини полни со муниција, тогаш можете“, вели Пригожин во видеото.

Во видеото тој бара да му биде доставена муниција и ги кани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов да ги погледнат телата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.